Windows 9 готов до септември

Објавено на 24.08.2014 во Новости



Windows 9 готов до септември

Microsoft не ги воодушеви фановите со оперативниот систем Windows 8, па затоа наскоро ќе лансира нова верзија која ќе ги надмине сите недостатоци, грешки и проблеми, а се очекуваат и повеќе значајни промени во интерфејсот, функционалноста и безбедноста.
 
 
Најголемиот проблем на Windows 8 беше организацијата на почетното мени кое го немаше традиционалното Start копче за пристап до десктопот и основните апликации, бидејќи интефејсот беше модернизиран за да се управува со контроли на допир слично како кај мобилните и таблет системи, но наиде на многу критики. Затоа во Windows 9 ќе има комбиниран десктоп-мобилен интерфејс каде ќе бидат споени двете функции од Windows 8 и Windows 7.
 
 
Промоцијата на Windows 9 ќе се случи кон крајот на септември по што Microsoft ќе лансира пробна верзија за корисниците, а конечната верзија најверојатно ќе биде готова до почетокот на 2015 година и се шпекулира дека ќе биде бесплатна за инсталирање, што ќе биде новитет во понудата на компанијата, како стимул за враќање на успешноста на десктоп компјутерите.