LG наскоро со нова L серија смарт телефони

Објавено на 25.08.2014 во Новости



LG наскоро со нова L серија смарт телефони

LG Electronics (LG) ќе го претстави најновиот пар поволни паметни телефони од L серијата, на овогодинешниот IFA саем во Берлин. L Fino и L Bello смарт телефоните се одлична алтернатива на поскапите модели, а се совршени за тинејџери и за оние кои првпат користат смарт телефон. Со неверојатно брзите Quad-Core процесори и врвните функции кои ги наследија од популарниот LG G3 телефон, оваа компанија планира да се прошири на сите клучни пазари на паметни телефони, нудејќи исклучително квалитетни телефони по многу ниски цени. 
 
 
L Fino и L Bello ја продолжуваат традицијата на популарниот Rear Key дизајн со позадинско копче, автентичен за компанијата LG, опремени се со првокласна камера од 8 мегапиксели, како и единствени функции базирани на корисничкото искуство кое фотографирањето го прави многу едноставно и забавно. Истражувањето на потрошувачите покажува дека камерата е клучен фактор при носењето на одлуката за купување паметен телефон, кога се во прашање тинејџерите и оние кои првпат стануваат сопственици на ваков уред. Новата L серија LG паметни телефони нуди понапредна камера од останатите паметни телефони во истата категорија, која овозможува квалитетна и јасна слика, идеална за споделување содржини преку социјалните мрежи. 
 
 
Најважни карактеристики на L Fino и L Bello смарт телефоните ги вклучуваат следните опции:
 
· Touch & Shoot опцијата која овозможува брзо и едноставно бележење на посебните моменти. Со допирање на кој било дел од екранот, телефоното во исто време ќе фокусира и ќе фотографира.
· Gesture Shot опцијата која им овозможува на корисниците со едноставно стегање на дланката во тупаница да иницираат одбројување од три секунди, после кое се фотографира
· Светлото на предната камера дава благо осветлување, со цел автопортретите да не бидат преосветлени. 
· Knock Code™ функцијата на корисниците им дава можност да ги отклучат своите уреди со едноставно внесување на пероснализиран шаблон на екранот на телефонот. 
· QuickCircle™ футролата нуди лесен пристап до функциите кои се користат најчесто, како што се јавување, праќање пораки, пуштање музика и користење на камерата преку прозорчиња, без отворање на заштитната футрола. 
 
„Благодарение на врвните карактеристики и многу достапните цени, имаме високи очекувања кога станува збор за L Fino и L Bello смарт телефоните, и навистина веруваме дека овие уреди ќе ја продолжат успешната експанзија на нашата компанија на пазарите во развој“, рече д-р Jong-seok Park, претседател на компаннијата LG Mobile Communications. „Нашата најнова L серија смарт телефони е опремена со најдобриот LG дизјан, хардвер и корисничко искуство, покажувајќи ја големата посветеност на нашата компанија да им нуди најдобро искуство на сите 3G корисници.“  
 
Овој месец, LG ќе започне со дистрибуција на L Fino и L Bello смарт телефоните на клучните 3G пазари во Европа. Цените и дополнителните детали за достапноста ќе бидат објавени наскоро. 
 
Клучнни спецификации на L Fino смарт телефонот: 
 
· Процесор: 1,2GHz Quad-Core
· Екран: 4,5 инчи WVGA IPS (800 x 480 / 207ppi)
· Меморија: 1GB RAM / 4GB 
· Камера: Задна 8 мегапиксели / Предна VGA
· Батерија: 1,900mAh
· Оперативен систем: Android 4.4.2 KitKat
· Димензии: 127,5 x 67,9 x 11,9mm
· Мрежа: HSPA+ 21Mbps (3G)
· Бои: Бела / Црна / Златна / Црвена / Зелена (во зависнот од пазарот)
 
Клучни спецификации на L Bello смарт телефонот:
 
· Процесор: 1,3GHz Quad-Core
· Екран: 5,0 инчи FWVGA IPS (854x480 / 196ppi)
· Меморија: 1GB RAM / 8GB 
· Камера: Задна 8MP AF / Предна 1MP
· Батерија: 2,540mAh 
· Оперативен систем: Android 4.4.2 KitKat
· Диемнзии: 138,2 x 70,6 x 10,7mm
· Мрежа: HSPA+ 21Mbps (3G)
· Боја: Бела / Црна / Златна