Претставен LG G3 Stylus - Поевтин и поедноставен

Објавено на 26.08.2014 во Новости



Претставен LG G3 Stylus - Поевтин и поедноставен

LG Mobile ја претстави евтината варијанта на LG G3 која ја задржува истата големина на екранот од 5.5 инчи но, со понизок степен на резолуција од 540 x 960 пиксели, а главниот додаток е секако функционалното LG пенкало. LG G3 Stylus исто така има послаби компоненти во однос на премиум моделот, но нуди сосема пристоен хардвер за уред од средната класа.
 
 
LG G3 Stylus работи на четири-јадрен процесор, со 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија со можност за надополнување преку microSD картичка, 13 мегапикселна камера и супер батерија од 3000 mAh. 
 
 
 
Смартфонот работи на оперативниот систем Android 4.4.2 KitKat и доаѓа со црна, бела и златна боја на маската. Цената на LG G3 Stylus се уште не е откриена но, најверојатно нема да надмине 350 долари. LG G3 Stylus влегува во продажба следниот месец на пазарите ширум светот.