LG: Купувањето iPad е глупа одлука

Објавено на 27.08.2014 во Новости



LG: Купувањето iPad е глупа одлука

LG Mobile започна нова рекламна кампања во која им порачува на корисниците да прават паметни одлуки во животот, барем кога е во прашање купувањето на нов таблет. Во рекламата директно се напаѓа iPad на Apple, но истата реторика може да се употреби и против серијата Samsung Galaxy Tab, бидејќи овие таблети се многу поскапи од LG G Pad таблетите.
 
 
Ниската цена од 150 до 250 долари е главната предност на LG G Pad серијата составена од три таблети со големина од 7, 8.3 и 10.1 инчи кои имаат HD екрани, четири-јадрени процесори, 1 GB RAM и поскромни хардверски компоненти, но затоа пак преку апликацијата QPair може да работат во комбинација со било кој Android смартфон. 
 
 
LG се обидел да примени хумор во новата кампања, но тој повеќе е во „азиски“ стил каде проаѓаат ваков вид на реклами, па затоа на „западните“ купувачите ќе им делува по малку смешно и чудно.