Кога одбивањето милијарди долари се исплати - Приказната на Snapchat

Објавено на 27.08.2014 во Новости



Кога одбивањето милијарди долари се исплати - Приказната на Snapchat

Snapchat пред повеќе од пет месеци одби неверојатна сума од речиси три милијарди долари со што Facebook доби голема „шлаканица“ па, најверојатно ќе си помислите дека малиот стартап со почетен капитал од само 20 милиони инвестиција направи катастрофална грешка, но ќе се излажете бидејќи денес сервисот за допишување вреди неверојатни 10 милијарди долари.
 
 
Официјалните претставници на Snapchat одбија да дадат коментар по најновата проценка за вредноста на финансискиот пазар велејќи дека за нив многу поважна е заедницата на корисници и услугата кон нив, но никако не смеат да го игнорираат овој факт.
 
 
Единствен проблем за основачите на Snapchat е што се уште немаат одлучено како да генерираат профит, дали да пласираат реклами, дали да нудат таргетиран маркетинг или пак да наплаќаат за екстра услуги со ниски месечни или годишни претплати.
 
 
Сепак, големите инвеститори се видно заинтересирани за превземање на компанијата и доколку дојде до таков чекор сумата на продажба сигурно би достигнала и до 15 милијарди долари, но на потег е Snapchat.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ