Бесплатна замена на батеријата на iPhone 5 и во Европа

Објавено на 31.08.2014 во Новости



Бесплатна замена на батеријата на iPhone 5 и во Европа

Apple минатата недела соопшти дека бесплатно ќе ја замени батеријата на смартфонот iPhone 5 и тоа за моделите кои се продадени во периодот од септември 2012 до јануари 2013 година, бидејќи се забележани одредни проблеми со полнењето и траењето на батеријата.
 
 
Програмата најпрво беше воведена во САД и Кина, а сега се проширува и во останатите земји од Европа. За да проверите дали вашиот iPhone 5 смартфон потпаѓа во оваа категорија треба да го внесете серискиот број на интернет страната за подршка на корисници на Apple.
 
 
Смартфонот треба да биде во исправна состојба, што значи да нема други проблеми кои влијаат на батеријата, по што ќе ви биде назначен методот на кој ќе ја остварите замената, а може да добиете и рефундација на средствата.
 




Прочитајте повеќе: