Голите фотки на славните хакнати преку iPhone

Објавено на 01.09.2014 во Новости



Голите фотки на славните хакнати преку iPhone

Анонимна група на хакери успеа да постави стотици слики од познатите актерки и пејачки од Холивуд, а според експертите за безбедност најверојатно дел од нив биле украдени од iCloud сервисот кој се користи на iPhone за зачувување на слики и мултимедијална содржина.
 
 
Актерката Мери Винстед од филмот Скот Пилгрим против светот изјави дека протечените слики одамна ги избришала од својот смартфон, па затоа хакерите единствено можеле да ги најдат од серверите на iCloud каде биле пренесени преку апликацијата Photo Share.
 
На површина испливуваат се поголем број на докази за методите на хакерите, а на тој начин властите се надеваат дека ќе откријат кој стои зад ова кршење на законот и нарушување на приватноста. На сторителити им се заканува затворска казна и до 5 години.




Прочитајте повеќе: