iPhone 6 доаѓа во историското место за Стив Џобс

Објавено на 03.09.2014 во Новости



iPhone 6 доаѓа во историското место за Стив Џобс

Apple потврди дека закажаната промоција на 9 септември ќе се одржи во Флинт центарот во Купертино, односно истата сала во која Стив Џобс пред 30 година ја одржа легендарната промоција на персоналниот компјутер Macintosh, а во 1998 година беше започната новата ера со доаѓањето на iMac.
 
 
Apple одамна не го користел Флинт центарот кој има најголем капацитет во Купертино, што дава јасен сигнал дека компанијата е подготвена да создаде нова страница за историја со промоцијата на iPhone 6, како и на уште неколку уреди кои се уште не се целосно готови како iWatch и iPhablet.