Apple по скандалот со голите фотки ја зајакна безбедноста на iCloud

Објавено на 06.09.2014 во Новости



Apple по скандалот со голите фотки ја зајакна безбедноста на iCloud

Apple речиси една недела по големиот скандал на хакирање на корисничките сметки на познати актерки и пејачки од Холивуд и кражба на нивни разголени фотки конечно излезе со официјален став. Според извршниот директор Тим Кук безбедноста на iCloud е на високо ниво и проблемот го бара во самите корисници кои поставиле слаби лозинки и изјави дека постои можност да наседнале на интернет измами за кражба на податоци.
 
 
Сепак, Apple сноси дел од вината за скандалот бидејќи iCloud сервисот за складирање на фајлови има одредени слабости и недостатоци кои во пресрет на промоцијата на iPhone 6 ќе бидат надминати. Сега ќе се отстрани можноста за неограничен број на обиди за неуспешно логирање, по што ќе се активира предупредување до корисникот.
 
 
Исто така ќе се воведе и двостепена верификација на секое ново складирање на фајлови со достава на пораки преку e-mail или sms до корисниците кои ќе треба да го потврдат процесот. Сепак, најдобар начин да се заштитите од протекување на вашите интимни слики на интернет е да не ги чувате на вашиот смартфон и да поставите силна заштита на корисничките сметки и лозинки.




Прочитајте повеќе: