Сосема очекувано рекорден интерес за iPhone 6 и iPhone 6+

Објавено на 13.09.2014 во Новости



Сосема очекувано рекорден интерес за iPhone 6 и iPhone 6+

Како што и се претпоставуваше има огромен интерес за резервирање на новите Apple смартфони iPhone 6 iPhone 6+. Во последните три месеци се создаде голема фама околу новите модели кои најмногу привлекуваат со поголемите екрани од 4.7 и 5.5 инчи, па затоа сите фанови на Apple сосема логично е да го надградат својот арсенал.
 
 
Огромниот интерес предизвика и блокирање на сајтот на Apple и мобилните оператори кои ја нудат можноста за рана резервација на iPhone 6 iPhone 6+. Точната бројка на нарачки не е соопштена но, сигурно ќе го надмине рекордот кој го постави iPhone 5 во минатата година. 
 
 
Доставата на iPhone 6 iPhone 6+ со моделите од 64 и 128 GB кои се поскапи и помалку порачувани е најбрза, додека моделите со 16 GB кои се најевтини и секако, најбарани ќе стигнат за неколку недели.




Прочитајте повеќе: