Samsung Gear S Diesel Black Gold е јака контра за Apple Watch
Објавено на 14.09.2014 во Новости
Samsung Mobile претстави нова едиција на смарт часовникот Gear S кој сега добива уште поголем избор на материјали и различни стилови преку Diesel Black Gold серијата која доаѓа веднаш по промоцијата на Apple Watch и е конкретна понуда која на корисникот му дава голема слобода во изворот на дизајнот.
На овој начин Samsung Gear S е најдиверзифициран смарт часовник на пазарот кој има основен класичен стил, па се до избор на кожа во различна боја, како и посебна верзија со Swarovski кристали. Од Samsung соопштија дека соработката со Diesel е наменета за корисниците кои сакаат својот часовник да го вклопат во својот моден стил или израз.
Модните критичари не ги штедеа зборовите кон Apple Watch давајќи лоши оценки за генеричкиот дизајн, но претпоставуваме и дека нема да полудат кога е во прашање дизајнот на Samsung Gear S туку сепак, ќе се решат за некој луксузен бренд како Tag Heurer.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.