Кој ќе му верува на новиот Apple Pay систем

Објавено на 16.09.2014 во iOs



Кој ќе му верува на новиот Apple Pay систем

Apple неодамна го претстави новиот платежен систем Apple Pay кој ќе се грижи за сите ваши платежни средства и ќе врши безготовински плаќања преку кредитните картички на корисниците директно преку NFC технологијата. Прашањето е колку луѓето ќе имаат доверба во Apple кој треба да ги чува нивните пари, а е доста осетлив на хакерски напади како последниот кога холивудските актерки беа на мета и беа пуштени нивни разголени и интимни слики.
 
 
Во системот на Apple Pay ќе бидат вклучени речиси сите големи платежни компании и банки како Visa, CityBank, а ќе може да се вршат трансакции и плаќања во големите синџири на ресторани и продавници. Се проценува дека Apple ќе заработува по 15 центи од секоја трансакција со износ од 100 долари па може да замислиме колку пари ќе се слеат на нивната сметка доколку Apple Pay навистина земе замав. 
 
 
Корисниците надвор од САД најверојатно нема да ја добијат оваа опција веднаш и постепено ќе се воведува во финансиските системи на Европа. Сепак, клуч за успехот ќе биде упорноста на Apple да докаже дека вашиот електронски паричник ќе биде безбеден во нивните раце.