Ништо од мултитаскингот на iPhone 6 Plus

Објавено на 17.09.2014 во Новости



Ништо од мултитаскингот на iPhone 6 Plus

iPhone 6 Plus е многу поквалитетен и помоќен смартфон отколку основниот модел на iPhone 6 бидејќи има Full HD резолуција, поголема батерија од 2950 mAh, оптичка стабилизација на сликата и многу други предности, но големиот смартфон чија главна предност треба да биде мултитаскингот најверојатно е ограничен на само 1 GB RAM меморија што е неприфатливо.
 
 
Apple како и секогаш вешто одбегна да говори за спецификациите на iPhone 6 Plus во детали и користеше општи преференци како двојно побрзо и слично, но фаблетот со само 1 GB RAM не му е ни до колена на Samsung Galaxy Note 4 кој е вистински ѕвер не само за перформанси, туку и за напреден мултитаскинг каде може да извршувате повеќе операции и работа со две апликации истовремено.
 
 
Најновите анализи покажуваат дека постои рекорден интерес за iPhone 6 Plus и iPhone 6 со 4 милиони резервации што покажува дека Apple и понатаму е супер моќен бренд, но прашање е дали навистина вреди да платите околу 800 долари за телефон кој не ги нуди сите можности за корисникот и има ограничен потенцијал. 
 
 
Секако, 1 GB RAM е сосема доволен за работа со напредни апликации, отворање на големи веб страници и справување со 3D мобилни игри, но кога веќе купувате телефон со огромен екран мора да се мисли и на мултитаскингот.