Omate X е смарт часовник за 100 евра

Објавено на 17.09.2014 во Смарт часовници



Omate X е смарт часовник за 100 евра

Omate X е еден од најевтините смарт часовници на пазарот кој во Европа ќе се продава по цена од 100. Можеби на прва ова ќе ви звучи како добра зделка бидејќи е за нијанса поевтин од часовниците со Android Wear или Tizen OS, но за разлика од нив не зависи премногу од работа со апликации туку повеќе е наменет за доставување на нотификации од смартфонот.
 
 
Негова предност е што може да се поврзе и со Android и iPhone смартфони, а за пофалба е и металното тело како и ременчето од кожа кои му даваат висока доза на квалитет. Функциите како што споменавме повеќе се фокусирани на подршка на смартфонот и има мал број на основни апликации како музички плеер, календар, именик и аларм.
 
 
Omate X има 1.4 инчен TFT дисплеј со резолуција од 240 х 240 пиксели, звучник, микрофон, Bluetooth, педометар, како и батерија со капацитет од 400 mah која може да издржи речиси пет дена со едно полнење. Со Omate X може да ги прегледувате пристигнатите SMS или e-mail пораки, повиците од смартфонот, како и известувањата од социјалните мрежи.