Профи апликацијата Acompli бесплатно и за Android
Објавено на 17.09.2014 во Android
Acompli е една од најуспешните апликации за iOs бидејќи на едно место ги обединува сите функции од вашиот e-mail, настаните и организацијата на календарот и складираните фајлови на Cloud серверите. Сега Acompli е достапна и за Android корисниците со истото високо ниво на функционалност.
Тајната на Acompli е примената на алгоритам кој анализира кои e-mail пораки имаат поголема важност за вас и ги прикажува на врвот, додека пак останатите непотребни информации се во втор план. Апликацијата може да се синхронизира и со сервисите на Cloud серверите Dropbox, Google Drive и OneDrive, па затоа може лесно да споделувате фајлови и документи со вашите контакти.
Што е најважно Acompli е бесплатна за инсталирање од користење и значително ќе ви помогне доколку ви треба професионална алатка за организација на вашите работини обврски. Acompli може да ја превземете за Android од Play Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.