Sony со загуба од 2.1 милијарди поради евтините смартфони

Објавено на 18.09.2014 во Новости



Sony со загуба од 2.1 милијарди поради евтините смартфони

Јапонскиот гигант Sony за дури четири пати ја зголеми процената на загуби за 2014 година која сега изнесува 1.7 милијарди долари, а тоа најмногу се должи на неостварената стратегија на Sony Mobile за зголемување на пазарниот удел преку средната и ниската клса на смартфони од серијата Xperia.
 
 
Sony очекуваше поголем успех на азискиот пазар но, како што и самите анализиравме таму тешко поминуваат, а се многу омилени во Европа. Затоа поевтините Xperia смартфони немаат речиси никаков успех во Кина, Индија и останатите големи пазари што резултира со очекувана загуба од  2.1 милијарди долари.
 
 
Затоа Sony ќе мора на еден квартал до крајот на 2014 година да ја менува стратегијата и да вложи поголем труд во премиум понудата составена од серијата Sony Xperia Z3 и да престане да експериментира со бројни смартфони кои нема никој да ги забележи во Азија.