Oppo R1L ја освежи средната класа

Објавено на 18.09.2014 во Новости



Oppo R1L ја освежи средната класа

Кинескиот бренд Oppo лансираше нова подобрена верзија на нивниот најуспешен смартфон од средната класа Oppo R1L кој сега има можност за поврзување со 4G LTE мобилна мрежа, додека пак камерата од 8 напредува на 13 мегапиксели.
 
 
Камерата на Oppo R1L носи и повеќе подобрувања како поширока леќа и поголем сензор од  f/2.0 што ќе биде одлично за правење на квалитетни слики при ниска осветленост, а видеата може да ги гледата во супер забавена снимка од 120 фрејма во секунда.
 
 
Третото подобрување го наоѓаме во хардверот кој наместо со Mediatek сега е управуван со Qualcomm Snapdragon 400 процесор со четири-јадра од 1.6 GHz. Во останатите параметри се вбројува 5 инчен HD дисплеј, 1 GB RAM, 16 GB вградена меморија и батерија со висок капацитет од 2410mAh.
 
 
Oppo R1L има супер тенко метално тело од само 7.1 милиметар, додека пак софтверот е комбинација на корисничкиот интерфејс Colors OS и Android 4.3 Jelly Bean. Oppo R1L ќе се продава по цена од 290 евра и по азиската промоција се надеваме дека ќе пристигне и во Европа.