Запознајте го Acer Iconia A1-830 - Метален таблет за 100 евра

Објавено на 21.09.2014 во Новости



Запознајте го Acer Iconia A1-830 - Метален таблет за 100 евра

Acer во изминатите неколку месеци понуди огромен број на квалитетни таблети кои го преплавија пазарот во евтината класа но, мал дел од нив останаа во фокусот на вниманието. Еден од нив дефинитивно е  Acer Iconia A1-830 кој може да се пофали како еден од ретките таблети со метално тело кој се продава по цена од само 100 евра.
 
 
Acer Iconia A1-830 има совршени димензии од 203 x 138.4 x 8.2 mm со тежина од 380 g, додека телото има сразмер од 4:3 слично како iPad mini 2 но, со понизок степен на HD резолуција од 768 x 1024 пиксели. Хардверот исто така ги задоволува сите потреби на корисникот со дво-јадрен Intel Atom Z2560 процесор од 1.6 GHz, со 1 GB RAM, 16 GB меморија, слот за microSD картичка и Li-Ion 4000 mAh батерија.
 
 
Таблетот Acer Iconia A1-830 располага со 5 мегапикселна камера со автофокус и можност за снимање на видеа со резолуција од 1080p, надополнето со 2 мегапикселна предна камера.  Acer Iconia A1-830 работи на оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean и се очекува надградба со Anroid 4.4 KitKat.