iOs 8 слабо се покажува кај старите iPhone-и

Објавено на 24.09.2014 во Новости



iOs 8 слабо се покажува кај старите iPhone-и

iOs 8 е речиси една недела во употреба со што доаѓаат и првите извештаи за стабилноста и функционалноста на надградбата и има за жал лошо изненадување кое вели дека оваа верзија е понестабилна од iOs 7 со 3.56 проценти на пад на системот кај сите Apple уреди.
 
 
Стапката и не е така висока со оглед на тоа што првата верзија секогаш има мали недостатоци, а корисниците се нестрпливи да ги видат сите промени и понекогаш доаѓа до блокирање на апликациите. 
 
Најчесто тоа се случува кај iPhone 4s каде се бележи и поспора работа на одредени апликации кои се уште не се оптимизирани за работа со iOs 8, a има и успорување на менито. Затоа ќе чекаме од Apple наскоро да лансира нов апдејт кој ќе ги реши овие проблеми, и според информациите веќе е во подготовка iOs 8.0.1.