Apple одма ја зезна работата со iOs 8.0.1

Објавено на 25.09.2014 во Новости



Apple одма ја зезна работата со iOs 8.0.1

Apple на само една недела од пласманот на iOs 8 побрза да ја лансира првата надградба на оперативниот систем која наместо да ги подобри ги влоши работите за корисниците на iPhone 6 и iPhone 6 Plus кои се жалат дека ја губат мобилната конекција преку мрежата на операторот, а има и голем број на поплаки за издржливоста на батеријата и нефункционирање на скенерот на отпечатоци Touch ID.
 
 
Претходно ве известивме дека iOs 8 покажува изненадувачки лоши резултати и е досега најнестабилната верзија на системот со 3.56 проценти блокирање на апликации и кочење, особено кај постарите смартфони и таблети, но новата верзија дополнително ги комплицира состојбите.
 
 
Тоа го принуди Apple целосно да ја повлече надградбата што значи дека сите уреди ќе се вратат на претходната iOs 8 верзија, а дел од корисниците велат дека нема да чекаат на нивните експерименти и ќе се вратат на iOs 7 што е поразително. 
 
iOs 8 се очекуваше да донесе големи промени во функциите со еден тон новитети и имаше долг тест период во кој требаше да се откријат и отстранат сите багови но, очигледно е дека наскоро ќе мора да биде пуштена нова прочитестена верзија.
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: