Ем се витка ем не се крши

Објавено на 25.09.2014 во Новости



Ем се витка ем не се крши

Колку и да не сака човек да се занимава со бедовите на Apple во последните неколку дена, хах, баш големи бедови во продажба од 10 милиони уреди, но не може а да не се позанимавате малку со меѓусебните провакации. досега сигурно знаете дека Apple има проблеми со оперативниот систем iOs 8, а корисниците се жалат дека нивниот iPhone 6 Plus лесно се превиткува и се крши. Оваа ситуација мораше да ја искористи LG за најновата успешна провокација.
 
 
Ако се сеќавате пред една година LG го лансираше првиот флексибилен смартфон LG G Flex кој може да се превиткува до одреден степен без да се оштети, а задната прекривка е изработена од материјал кој самиот се „лекува“ односно по одредно време исчезнуваат сите гребнатинки. Затоа LG се огласи на Twitter провоцирајќи го Apple со кршливиот iPhone 6 Plus.
 
Автор: Aleksandar Stankov