Трет Startup Grind Skopje - Нова средба на креативците и претприемачите

Објавено на 26.09.2014 во Новости



Трет Startup Grind Skopje - Нова средба на креативците и претприемачите

Startup Grind Skopje ќе се одржи по трет пат на 7 октомври, вторник, со почеток во 17:30 часот, каде на едно место повторно ќе се соберат сите креативни умови и надежни претприемачи со цел полесно и побрзо да го започнат градењето на својот бизнис, без оглед дали станува збор за IT проект или стартап идеја од било која област.

Telefoni.mk како водечки сајт во Македонија кој ги промовира сите македонски програмери редовно дава подршка на Startup Grind Skopje бидејќи прераснува во одлична платформа на која секој може да добие подршка и совет како идејата да ја реализира и да го започне својот бизнис. На средбата ќе говори Игор Трајковски, основач и извршен директор на time.mk, кој ќе ги пренесе искуствата од креирање и работата на првиот македонски агрегатор на вести.

Вториот говорник е Јоцо Тодорвски чија задача ќе биде да им помогне на учесниците да се пробијат на пазарот, да ги стекнат првите клиенти, како ефикасно и без многу трошоци да го промовираат својот продукт. Јоцо Тодоровски има големо искуство кога е во прашање процесот на маркетинг и продажба и неговите совети ќе бидат добредојдени.