Првото подводно отпакување направено со Sony Xperia Z3

Објавено на 27.09.2014 во Новости



Првото подводно отпакување направено со Sony Xperia Z3

Sony Xperia Z3 е одличен смартфон кој меѓу другото преку сертификатот IP68 има висок стандард на отпорност на вода и оштетување од прашина, па затоа синџирот на продавници за електроника Carphone Warehouse го направи првото подводно отпакување на еден телефон.

Sony Xperia Z3 може да издржи целосно потопување под вода на длабочина од 1 метар до 30 минути и со камерата може да правите подводни слики и видеа. Да потсетиме Sony Xperia Z3 располага со 5.2 инчен IPS LCD Full HD дисплеј, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор, 3 GB RAM, 16 и 32 GB меморија, има слот за microSD картичка која може да се надополни до 128 GB, 20.7 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3100 mAh и на тестовите покажува најдобри резултати.