Анализа: Mozilla Firefox повторно е најдобар прелистувач

Објавено на 28.09.2014 во Новости



Анализа: Mozilla Firefox повторно е најдобар прелистувач

Најновата верзија на интернет прелистувачот Mozilla Firefox е прогласена за најдобра досега со што успеа да го симне од тронот Google Chrome кој владееше повеќе години. Mozilla Firefox најдобро се покажува на сите независни бенчмарк тестови со најдобра брзина на отворање на веб страни, а големи пофалби има и за новиот дизајн, како и вклучувањето на повеќе новитети.
 
 
Mozilla Firefox исто така е прогласен за најстабилен прелистувач, а високи оценки добива и за безбедноста на интернет сурфање и заштита на личните податоци на корисниците. Mozilla Firefox може да ги искористи сите обележани страни и информации од претходните прелистувачи кои сте ги користеле.
 
 
Со Mozilla Firefox може да креирате корисничка сметка преку Sync и начинот на кој го користите прелистувачот ќе биде идентичен на сите ваши мобилни или десктоп уреди. На статусната лента може директно да внесувате веб страни, а до неа се наоѓа и лента за пребарување преку Google.
 
Search2 29 - Win
 
Освен Google Search може да ги користите и пребарувачите на Yahoo, Bing но и да ги користите изворите на информации како Wikipedia, Amazon, Twiiter, eBay и да додавате нови. До search лентата се наоѓаат копчињата за навигација како bookmark, менито за превземени фајлови, икона за почетната страна и копчето главно мени. 
 
 
Менито во Mozilla Firefox е целосно редизајнирано и се активира во горниот десен агол каде се содржани сите опции како отворање на приватен прозорец, сочувување на веб страната, икона за печатење, историјата на посети, приказ на цел екран, пребарување, додатоци и прилагодувања. 

Дизајнот на Mozilla Firefox е најпрегледен досега и мора да се признае дека е инспириран од Google Chrome кога е во прашање едноставноста и брзата навигација, а Mozilla исто така ви нуди и голем избор на теми кои може да ги изберете по ваш вкус за персонализирање на прелистувачот. 
 
 
Користењето на само еден прелистувач секгоаш е прашање на навика, но Mozilla дефинитивно заслужува шанса да се најде на вашиот декстоп или смартфон, па сите пречки кои постоеја во минатото како малата можност за синхронизација и смарт сурфањето каде предничеше Chrome сега ги има и Firefox и тоа со многу поголема брзина, па затоа сега на потег е Google кој ќе треба да го зајакне својот прелистувач за да се одржи на врвот.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ