Squareness за iOs - Македонска апликација за мозаични слики

Објавено на 01.10.2014 во Македонски апликации



Squareness за iOs - Македонска апликација за мозаични слики

Squareness е едноставна бесплатна апликација за ефекти на вашите слики изработена од македонскиот девелопер Стефан Столевски. Тоа што ја прави различна од останатите апликации од App Store од оваа категорија е можноста за поделување на сликата на квадрати каде може да аплицирате различен ефект врз секој од нив. Со тоа се добива специфичен квадратест мозаик.
 
iPhone Screenshot 1
 
Доколку не сакате да аплицирате ефект на секое квадратче посебно, може да ја искористите функционалноста за случајни ефекти. Имено, со притискање на соодветното копче кое се наоѓа веднаш над избраната слика, самата апликација по случаен избор аплицира ефекти на сите квадрати. Со тоа добивате интересни и разновидни комбинации кои понекогаш можат и позитивно да не изненадат. 
 
iPhone Screenshot 2
 
Во самата апликација постојат подесувања за големината на квадратите, достапните ефекти како и за тоа дали сакате да аплицирате контури околу квадратите. Вклучена е и можност за поништување на ефектите од конкретно квадратче (со двоен клик) како и од целата слика во наредната верзија.
 
iPhone Screenshot 3