iPhone 6 во Македонија - Еве каде ќе го најдете

Објавено на 02.10.2014 во Новости



iPhone 6 во Македонија - Еве каде ќе го најдете

iPhone 6 најновиот крик на мобилната технологија кој својата светска премиера ја доживеа пред десетина дена и кој со нетрпение го очекуваа милиони корисници ширум светот од утре е достапен за корисниците единствено во понудата на Вип.

Поголем и подобар од своите претходници, неверојатно тенок со само 6.9 mm, iPhone 6 поседува 4,7-инчен Retina HD дисплеј, A8 Chip со M8 Motion Coprocessor кој заедно со иновативната технологија која ја содржи, обезбедува удобно и лесно користење. Напредните 8-пикселна iSight главна ХД камера и FaceTime ХД предна камера, заедно со ултра брзи безжични технологии или пак сигурносниот Touch ID Senzor за отпечатоци за прсти, го ставаат iPhone 6 високо на листата на еден од најпосакуваните телефони во светот и тема за разговори на љубопитните и зависниците од најсовремени технолошки достигнувања.

iPhone 6 е достапен за корисниците почнувајќи по цена од 1499 денари месечна рата во тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+ со договор на 24 месеци, со новиот софтвер кој овозможува користење на 4Г ЛТЕ мрежата на Вип.

Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: