Бил Гејтс посакува мобилни трансакции во Windows

Објавено на 06.10.2014 во Новости



Бил Гејтс посакува мобилни трансакции во Windows

Бил Гејтс во интервју за Bloomberg изјави дека го почитува потегот на Apple за лансирање на смартфони со скенери за отпечатоци преку што се обезбедуваат електронските трансакции и очекува оваа област да се развива на сите мобилни платформи, со Apple Pay за iOs, Google Wallet за Android, а своја понуда треба да оствари и Microsoft за Windows системот.
 
 
За да се резлизираат мобилните трансакции потребна е и NFC технологија за поврзување на смартфонот со платежен терминал, па токму овој додаток и скенерите за отпечатоци треба да се вградат во новите Windows смартфони доколку Microsoft сака да ја понуди истата услуга за своите корисници. 
 
 
Бил Гејтс не соопшти ништо официјално и конкретно, но од овие заложби може да се процени дека Windows Phone платформата со наредната надградба ќе ги прифати овие новитети.
Автор: Aleksandar Stankov