BASE Music Sensor - Уши за вашиот Android
Објавено на 11.10.2014 во Android
BASE Music Sensor е супер апликација наменета за сите зависници од добра музика. Слично како Shazam апликацијата ги препознава песните кои ги слушате и ви открива кој е автор и во наоѓа линкови за симнување, но има поголем избор на опции.
BASE Music Sensor може да ја користите во секое време бидејќи апликацијата работи во посебен режим во позадина и не треба постојано да ја активирате и деактивирате со што заслужува епитетот телефонски уши.
Аудио сензорот работи во различни режими на користење на смартфонот, па одлично ќе ви се најде кога сте на различни локации. BASE Music Sensor не троши многу енергија, но потрошувачката на батерија зависи секако, од бројот на преслушани песни. BASE Music Sensor може бесплатно да ја превземете за Android од Play Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.