Carl Zeiss VR One - Најевтин влез во виртуелната реалност

Објавено на 12.10.2014 во Новости



Carl Zeiss VR One - Најевтин влез во виртуелната реалност

Carl Zeiss производителот на најквалитетните леќи за камерите на Nokia ќе се испроба во полето на виртуелната реалност и најавува дека за само 99 долари ќе лансира сличен продизвод како Samsung Galaxy VR но, подостапен за сите заинтересирани купувачи.
 
 
Carl Zeiss VR One го нуди истиот концепт како Samsung Gear VR но, со било кој смартфон како замена за Galaxy Note 4, притоа со истите можности и капацитети за користење на напредниот софтвер на Oculus за виртуелна реалност.
 
Досега Oculus презентираше неколку имресивни апликации и игри во кои корисникот е целосно пренесен во сосема нова димензија со целосно 3D искуство. Carl Zeiss VR One ќе биде компатибилен со било кој смартфон кој има големина на екранот меѓу 4.7 и 5,2 инчи, за само 99 долари почнувајќи од 2015 година, па затоа овој проект се очекува со голем интерес.