Microsoft понуди уникатна тастатура за Android Wear
Објавено на 13.10.2014 во Смарт часовници
Microsoft Research изработи нова виртуелна тастатура за смарт часовниците кои работат на софтверската платформа Android Wear и истата нуди многу едноставен внес на текст со испишување на буквите, знаците, бројките и емитиконите на самиот екран со вашиот прст, еден по друг карактер.
Со оваа „аналогна“ тастатура може да одговорите на примените sms или e-mail пораки, да пребарувате на Google Search или друг интернет пребарувач, како и да внесувате текст во апликациите за допишување компатиблни со Android Wear.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.