Dropbox тврди дека не е хакнат, милиони лозинки во ризик

Објавено на 14.10.2014 во Новости



Dropbox тврди дека не е хакнат, милиони лозинки во ризик

Dropbox ги демантираше тврдењата на анонимен хакер дека располага со 7 милиони кориснички профили со пробиени лозинки, со што брзо се прошири паника од можен упад во личните податоци и приватни фајлови.
 
 
Анонимниот хакер се обиде да заработи пари со ветување дека ако добие исплата во Bitcoin кредити ќе ги објави сите ранливи лозинки, а стотина од нив ги постави на различни сајтови како PasteBin. 
 
Од Dropbox објаснија дека станува збор за кориснички сметки од други сајтови и дека хакерот се логирал на слепо пробувајќи да открие на кој сервис всушност припаѓаат, но нивниот Cloud систем не е хакиран и корисниците се безбедни.
 
Доколку некој се обиде да изврши неовластен влез Dropbox веднаш ќе реагира со предупредувања, а самите корисници може да искористат дополнителна заштита и потврда при внес на лозинката, како и да не употребуваат иста шифра на повеќе сајтови. 
Автор: Aleksandar Stankov