Safety Check на Facebook во случај на катастрофи и непогоди

Објавено на 16.10.2014 во Новости



Safety Check на Facebook во случај на катастрофи и непогоди

Facebook објави дека го лансираат сервисот Safety Check за комуникација на социјалната мрежа во итни ситуации како што се природни катастрофи, големи невремиња, безбедносни и здравствени кризи. Корисниците во погодената област ќе може да објават краток статус дека се безбедени и исто така ќе може да ја видат состојбата на нивните најблиски.

Safety Check функционира на тој начин што Facebook ќе ви испраќа нотификации и ќе ја лоцира вашата положба врз основа на повеќе интернет параметри, по што ќе може да објавите дека сте на безбедно. Со тоа се креира и посебен проток на вести и коментари за состојбата и положбата на вашите пријатели. 

Safety Check е надградба на системот Disaster Message Board кој беше создаден од Facebook за време на страшното цунами и земјотрес во Јапонија во 2011 година и сега ќе функционира глобално за сите региони.