Претставен iPad mini 3 - Првиот таблет со Touch ID скенер

Објавено на 16.10.2014 во Новости



Претставен iPad mini 3 - Првиот таблет со Touch ID скенер

Apple повторно е во центарот на светското внимание откако денес претстави повеќе нови производи, меѓу кои и обновениот iPad mini 3 кој е првиот со вграден Touch ID скенер за отпечатоци, слично како смартфоните iPhone. iPad mini 3 уште еднаш потврдува дека ќе биде одличен избор за класата на таблети со средна големина кои се покажаа како најпопуларни меѓу корисниците.
 
 
iPad mini 3 ја задржува големината на екранот од 7.9 инчи со HD Retina резолуција од 2048 х 1536 пиксели што резултира со густина на сликата од импресивни 326 ppi, многу повеќе од HTC Nexus 9, но новиот таблет на Google има поголем екран од 8.9 инчи. Touch ID скенерот освен за отклучување на таблетот ќе се користи и во голем број на апликации кои се развиваат за оперативниот систем iOs 8, како и за верификација на мобилните плаќања преку Apple Pay.
 
 
Единствено изненадување кај iPad mini 3 е што е иксористен постариот А7 чипсет, наместо новите и помоќни A8 и А8Х, но тоа нема премногу да се забележи бидејќи процесорот е компатибилен со 64 битна архитектура и дава одлични графички перформанси, истовремено штедејќи ја батеријата која и кај овој таблет ќе издржи 10 часа активна работа.
 
 
Таблетот има одлични камери, па со предната FaceTime камера ќе може да воспоставувате видео повици во HD резолуција, додека пак со предната камера од 5 мегапиксели ќе може да правите квалитетни слики со повеќе режими на сликање, меѓу кои и Burst Mode, Panorama, TimeLapse. Во поглед на снимањето на видеа ќе добиете висок аудио квалитет со примената на два микрофони кои исто така ја детектираат и блокираат непотребната бучава.
 
 
Почетната цена на iPad mini 3 со 16 GB меморија и Wi-Fi конекција изнесува 399 долари, додека пак неговиот претходник iPad mini 2 ќе добие попуст од 100 долари. iPad mini 3 со 64 GB ќе чини 499 долари, а со 128 GB меморија 599 долари. Нешто поскапи се 4G LTE моделите кои почнуваат со 16 GB меморија и цена од 529 долари, за 64 GB меморија ќе платите 629 долари, а најскап е моделот со 128 GB со дури 729 долари.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov