Нови iMac со 5К Retina дисплеј и Mac mini

Објавено на 17.10.2014 во Новости



Нови iMac со 5К Retina дисплеј и Mac mini

Фановите на мобилната технологија во наредниот период ќе има за што да дебатираат со оглед на промоцијата на новите iPad таблети, но Apple беше зафатен и со претставување на новите компјутери iMac со 27 инчен 5К HD Retina дисплеј и подобрениот iMac mini со неколку импресивни додатоци.
 
 
Најпрво ќе започнеме со чудвиштето iMac Retina кој има совршена резолуција од 5120 x 2880 пиксели или вкупно 14.7 милиони пиксели, што значи дека при гледање на 4K HD видеа има простор и за дополнителни визуелни активности, на пример употреба на програма за монтажа. 
 
 
iMac Retina има три сета на моќни конфигурации составени од Intel i5 3.5GHz или i7 процесор со 4GHz, AMD Radeon R9 M290X и Radeon 295X графичка, како и меморија од 1 или 3 TB SSD. Почетната цена на iMac Retina е 2499 долари.
 
 
Помалиот модел Mac mini го повторува истиот концепт на преносно куќиште на кое вие додавате влезни единици како дисплеј, тастатура и маус и има 7.7 инчен профил, но со моќна конфигурација составена од Intel процесори од четвртата генерација, Intel HD Graphics 5000, со Tunderbolt 2 порти, брза Wi-Fi конекција, подршка за HDTV и работи на најновата верзија на OS X Yosemite. Почетната цена на Mac mini ќе изнесува 499 долари.

Автор
 
Христијан Станоевиќ