Microsoft распали - Surface е најпродуктивен таблет на планетата

Објавено на 17.10.2014 во Новости



Microsoft распали - Surface е најпродуктивен таблет на планетата

Microsoft подолго време се обидува да се наметне како избор на купувачите во таблет категоријата но, никако не успева да го победи Apple со iPad или Samsung со Galaxy Tab. Само еден ден по промоцијата на новите iPad таблети Microsoft веднаш реагираше со нова реклама за Surface 3 кој е прогласен за најпродуктивниот таблет на планетата и е вистинска замена за лаптоп.
 
 
Со ова тврдење може и ние да се сложиме бидејќи таблетот има едно чудо додатоци, како на пример вграден Kickstand потпирач за екранот кој може да го поставите во различни позиции, потоа дополнителна физичка тастатура, 12 инчен Full HD дисплеј, хардвер управуван од четврта генерација на Intel процесори, како и microSD слот, USB 3.0 влез, mini display port, а не треба да се заборави ниту функционалното Surface пенкало.
 
 
Дополнителна предност на Surface 3 е оперативниот систем Windows 8.1 и можноста за целосен пристап до десктоп програмите, како и употребата на Office пакетот со сите апликации. 
 
 
Surface 3 е навистина супериорен таблет во однос на iPad Air 2, но грешката на Microsoft е што го претстави токму на таков начин, наместо како моќен хибрид кој цената од околу 1000 долари целосно ќе ја оправда, па затоа се добива впечаток дека ајпадот е многу поевтин и има огромен број на прилагодени апликации за iOs од Play Store.

Автор
 
Христијан Станоевиќ