Klatz е иновативна смарт алка за телефонски повици

Објавено на 18.10.2014 во Смарт часовници



Klatz е иновативна смарт алка за телефонски повици

.klatz е нов интересен концепт на смарт алка која може да ја користите за примање на телефонски повици, а содржи и голем број на функции како и повеќето смарт часовници за фитнес, приказ на времето и нотификации. .klatz се поврзува со вашиот смартфон преку Bluetooth, додека пак Android и iOs уредите се компатибилни со соодветна апликација.
 
 
Алката .klatz има LED дисплеј на кој се прикажуваат различни информации, како на пример името на повикувачот, потоа кратки SMS пораки, известувања од смартфонот, а може да слушате и музика преку аудио плеер. Батеријата на .klatz е супер ефикасна и може да издржи десет дена активна работа.
 
 
Идејата на .klatz е да ви обезбеди приватност при прегледот на пристигнатите информации и во моментот кога ќе го прифатите телефонскиот повик наместо да зборите на звучникот, алката се расклопува и може да ја поставите до увото за да го довршите разговорот. 
 
 
.klatz е проект поставен на Indiegogo од каде чека финасии од заинтересираните купувачи и целта е да соберат 140 илјади долари за да започне со производство. Во промотивниот период цената на смарт алката е 99 долари, а доколку проектот успее доставата ќе се реализира до март 2015 година.