Oppo N3 ќе има авто ротирачка камера

Објавено на 19.10.2014 во Новости



Oppo N3 ќе има авто ротирачка камера

Oppo наскоро ќе го промовира наследникот на N1 кој беше еден од најиновативните смартфони во 2013 година со ротирачка камера, па затоа интересот за новиот модел е огромен. 
 
 
Измените кои ќе ги донесе Oppo N3 се многу квалитетни, но најзабавно повторно ќе биде со ротирачката камера, која овој пат ќе има вграден мотор и автоматски ќе се движи кон предната или кон задната страна.

За Oppo N3 кружат и многу атрактивни информации кога е во прашање дизајнот кој беше најавен како „вселенски“, односно ќе биде применет нов метал со литиум кој се користи во многу вселенски летала. Сите детали за Oppo N3 ќе бидат познати на 29 октовмри за кога е закажана официјалната промоција.