Apple Pay со финта работи глобално

Објавено на 22.10.2014 во iOs



Apple Pay со финта работи глобално

Во САД веќе е функционален новиот Apple Pay систем за мобилни плаќања со новите уреди кои имаат вграден Touch ID скенер за отпечатоци, но корисниците ширум светот открија дека може да го користат и во нивната држава само доколку имаат платежна картичка од американска банка.
 
 
Регистрирањето се врши на вообичаениот начин со внес на податоците од картичката во Passcode апликацијата на iPhone 6 и за да почнете да плаќате треба да најдете продавница која има NFC терминал за поврзување и читање на податоци. Уредот исто така треба да го поставите во регионот САД за да се активира Apple Pay.
 
 
Секако ова не е трајно решение бидејќи ретко кој има банкарска сметка во САД, па затоа Apple ќе мора да побрза и да го донесе Apple Pay сервисот во Европа и Азија, со склучување на договори со повеќе банки и трговски асоцијација кои се подготвени да воведат NFC терминали во своите продавници.