Батали Apple Pay - Човек си вградил NFC чип

Објавено на 23.10.2014 во Новости



Батали Apple Pay - Човек си вградил NFC чип

Вградувањето на електронски компоненти во телото е прилично опасно, но тоа не важи за Роберт Нелсон кој си вградил NFC чип во дланката со цел полесно да се поврзе со смартфонот и да може да воспостави безжична врска со соодветни електронски уреди.
 
 
NFC чипот го продава компанијата Dangerous Things по цена од 100 долари. Чипот се вграден со стерилна инјекција но, најголем предизвик е да најдете соодветно место во ткивото за да не предизвикате инфекција. Уредите на Dangerous Things не се тестирани и одобрени и секој ги користи на своја одговорност. 

Роберт Нелсон не е единствен во намерата да стане „безжичен“ човек бидејќи има десетина авантуристи кои вградуваат различни компоненти, на пример за контрола на смарт светилките, смарт врати и катанци, процесори, антени, камери, со што очекуваат дека ќе го направат првиот чекор во кибернетиката, односно органско спојување на луѓето и компјутерите.