МК Транспорт - Карта во џеб, телефон во рака и право на воз

Објавено на 23.10.2014 во Македонски апликации



МК Транспорт - Карта во џеб, телефон во рака и право на воз

МК Транспорт е супер мобилна апликација изработена со цел да им помогне на сите кои патуваат со воз, за полесно да се информираат за возиот ред на Македонски железници, како и да го испланираат своето патување.
 
 
Еден од најголемите проблеми кога патувате со воз е нередовно ажурираниот возен ред на страната на Македонски желеници, а доколку сакате да добиете информации телефонски често се случува линиите да бидат во прекин или пак да нема слободен оператор. 
 
1 of 5
 
Тоа треба да се промени со апликацијата МК Транспорт од која ќе може во секое време веднаш да дознаете кога е следниот воз за вашата дестинација, за видот на транспортот, попатници станици, како и телефонски броеви на железничките станици. МК Транспорт нуди и информации за автобускиот превоз, со распоред на термини и превозник. Сепак, Автобуската станица барем во Скопје е подобро организирана и затоа повеќе го цениме делот посветен на Македонски железници, па оваа апликација одлично го надоместува тоа.
 
4 of 5