Android Wear смарт часовниците со екстра новитети

Објавено на 25.10.2014 во Смарт часовници



Android Wear смарт часовниците со екстра новитети

Android Wear платформата за преносни уреди е активна одвај четири месеци и постојано добива нови надградби и посебни апликации кои ќе ја зголемат основната функционалност за сите корисници на смарт часовниците на Samsung, LG, Asus или Sony.
 
 
Најновата надградба на Android Wear овозможува користење на GPS локатор, како и слушање на музика од стриминг сервиси без интернет конекција. Самото додавање на GPS локатор ќе значи многу за изработка на фитнес апликации за следње на вашето движење и прогрес, како и за тие што им требаат насоки и навигации во сообраќајот. 
 
 
За жал повеќето лансираните смарт часовници освен, Sony SmartWatch 3 немаат вграден GPS локатор, па затоа ќе мора да се користат паралелно со смартфонот. Сепак, главната цел е да се постигне што е можно поголема независност на смарт часовникот и во наредниот период ќе се работи на голем избор на специјални апликации за Android Wear.