Samsung Galaxy A5 е супер ама е прескап

Објавено на 29.10.2014 во Новости



Samsung Galaxy A5 е супер ама е прескап

Samsung Galaxy A5 ќе биде дел од новата Alpha серија на Samsung и досега сите прогнози одеа во правец на тоа дека станува збор за поквалитетен смартфон од средната класа, но откако казакстански оператор по грешка предвреме го стави во својата понуда се открива неговата цена од 400 евра, што е прилично скапо.
 
 
Samsung Galaxy A5 би требало да користи 5 инчен Super AMOLED HD дисплеј, Android 4.4 KitKat, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2330 mAh, четири-јадрен Snapdragon 400 процесор од 1.2 GHz, 16 GB меморија и 2 GB RAM. Според нас цената од 400 евра е превисока, но можеби таа ќе важи само во Казакстан или пак се уште не е точно утврдена.
 
 
Пласманот на новата Galaxy Alpha серија ќе започне до крајот на годината, надополнета со поквалитетен A7 смартфон, кој ќе биде поскап за околу 100 евра. Дали Samsung Galaxy A5 навистина вреди останува на вас да процените, а наше мислење е дека за 350 евра може да се купи на пример Nexus 5 кој е екстра квалитетен.