Да не ви кидна автобусот - Инсталирајте ја ЈСП Возен ред

Објавено на 30.10.2014 во Македонски апликации



Да не ви кидна автобусот - Инсталирајте ја ЈСП Возен ред

ЈСП возен ред е нова апликација за Android која ве информира за возниот ред на градскиот јавен автобуски превоз. ЈСП возен ред не е најнова апликација од ваков вид, но добрата страна е што може да ја користите и без интернет конекција, па така додека цупкате на постојка може да проверите кога е следниот автобус и уште колку ќе треба да чекате.
 
 
ЈСП возен ред има многу едноставен интерфејс и навигацијата се врши од левата страна на менито од каде може да го најдете возниот ред за градските, приградските и ноќните линии, од првата до последната станица, со приказ на рутата на делници низ која минува автобусот. Прикажани се и термините за автобусите кои се наменети за превоз до Жичницата на Средно Водно. 
 
 
Исто така може да го користите календарот за информации за возниот ред во наредните денови. Од досегашното користење може да заклучиме дека термините се точни и за делничниот и за викенд распоредот. 
 
 
Наша забелешка за апликацијата е што кога ќе го стиснете копчето back веднаш се исклучува и нема едно централно мени. ЈСП возен ред е бесплатна за инсталирање и користење за Android од Play Store.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ