Комичарот Сет Роген како Стив Вознијак

Објавено на 31.10.2014 во Новости



Комичарот Сет Роген како Стив Вознијак

Холивудските медиуми пренесуваат дека комичарот Сет Роген има најизгледни шанси да ја добие улогата на Стив Вознијак во новиот биографски филм за Стив Џобс и компанијата Apple. Досега Холивуд сними два филма за Џобс со Ештон Качер кој одлично одглуми но, STEVE не помина добро пред публиката, како и iSteve со Џастин Лонг кој повеќе беше доживеан како пародија отколку како вистински приказ на историјата и делото на Џобс.
 
 
Сепак новиот проект за биографијата на Стив Џобс изгледа многу ветувачки бидејќи Sony Entartainment ја превзеде продукцијата, најпрво Дејвид Финчер требаше да режира но, изненадно се откажо, по што главната функција ја превзема оскаровецот Дени Бојл. Во главната улога ќе се појави екстра талентираниот Кристијан Бејл, можеби најпознат на публиката како Бетмен. 
 
 
Сценариото е дело на Арон Соркин и тој откри само дека дејствието на филмот ќе го следи Стив Џобс со само три големи промоции во кариерата, а тоа е појавата на Macintosh, основањето на NEXT и враќањето во Apple со триумфалниот iPod, додека пак ерата на iPhone и iPаd целосно ќе биде изоставена. Тоа значи дека во филмот мал простор ќе има за ликот на Стив Вознијак, глумен од Сет Роген, кој со својот прототип на компјутер му помогна на Џобс да ја создадат компанијата Apple.




Прочитајте повеќе: