Samsung Galaxy S6 се води како Project Zero

Објавено на 04.11.2014 во Новости



Samsung Galaxy S6 се води како Project Zero

Samsung Mobile го започна Project Zero или поточно кажано целосна промена на премиум понудата на смартфони со нова визија за дизајнот, градбата на телото, како и нов кориснички интерфејс кој ќе го замени TouchWiz. 
 
 
Samsung Galaxy S6 треба да ги испорача сите желби на фановите кои најмногу забелешки досега имаа на повторливиот и веќе досаден пластичен дизајн, како и пренатрупаниот TouchWiz интерфејс. Project Zero треба да ги донесе посакуваните промени и според динамиката на развој се очекува Samsung Galaxy S6 да биде готов до март 2015 година.
 
Последните финансиски извештаи воопшто не се поволни за Samsung Mobile кој има пад на продажбата на смартфони и стратегијата на пласман на сто телефони годишно ќе биде напуштена со ставање фокус на поквалитетни уреди во средната и високата класа.