Дајте музика - Google Play Music ќе се слуша во Македонија

Објавено на 04.11.2014 во Новости



Дајте музика - Google Play Music ќе се слуша во Македонија

Google објави дека популарниот стриминг сервис Play Music ќе биде достапен во повеќе земји, меѓу кои се најде и Македонија. Play Music нуди огромен избор на песни и изведувачи, а за почетокот содржните може да ги користите еден месец бесплатно, по што ќе треба да се претплатите.
 
 
Со All Access системот на претплата за специјална понуда од 4.99 долари месечно добивате неограничен пристап до сите музички содржини, кои потоа може да ги користите и без интернет конекција. Play Music е всушност основниот медиа плеер за Android, но сега корисниците во Македонија ги добиваат сите понуди. 
 
 
Play Music нуди и можност да креирате радио станици со ваша музика, додека пак апликацијата ќе ви открива нови плеј листи базирани на вашите музички вкусови. Доколку имате iTunes профил сите песни може да ги префрлите на Play Music. Предноста на Play Music е што музиката може да ја слушате на било кој уред со една корисничка сметка на Google.
Автор: Aleksandar Stankov