Петка за Gmail - Надградбата за Android 5.0 пристигна

Објавено на 05.11.2014 во Android



Петка за Gmail - Надградбата за Android 5.0 пристигна

Последните денови беа исполнети со активности на Google и пласманот на новите надградени апликации подготвени со Material дизајнот од Android 5.0 Lollipop. Меѓу нив се најде и Gmail со новата петта верзија која изгледа одлично и ја започна подршката за користење на сите email профили кои ги имате од Yahoo, Outlook или било кој друг сервис.
 
 
Мобилната апликација на Gmail со претходните верзии не беше најдобра бидејќи имаше натрупан интерфејс со комплицирани шеми на примени пораки, контакти и фолдери, но сега тоа е целосно изменети. Корисниците многу полесно ќе ги најдат сите опции за испраќање на нова порака, преглед на влезното и изленото сандаче, како и пронаоѓање на контактите.
 
 
Во главното мени поставено на левата страна е прикажан листата со фолдери поделена во три главни категории важни пораки, обележани и пораки кои стигнуваат од социјалните мрежи како известувања. Под нив се наоѓа пристапот до инбокс, испратени и сочувани пораки. 
 

Автор: Aleksandar Stankov