Google не запира - Нова верзија и на Maps

Објавено на 06.11.2014 во Android



Google не запира - Нова верзија и на Maps

Google продолжува со надградба на основните апликации за Android и iOs со новиот Material дизајн, како најзначајна промена во новиот Android 5.0 Lollipop, a најдобро од се е што апликациите може да ги користите веднаш. Најнова со Material надградба е Google Maps која ја добива можеби најдобрата надградба досега со еден куп нови функции.
 
 
Со новата верзија на Google Maps добивате можност за приказ на корисни информации за одредена локација, на пример познато туристичко место, ресторан, објект или културен споменик. Тука се прикажуваат слики за локацијата, рецензии и оценки од лица кои веќе ја посетиле, слики и информации за придружни содржини во близина.
 
 
Отсега ќе може полесно да ги бележите местата кои ги посакувате, додека пак во моментов само во САД може директно да резервирате место во ресторан, како и да најдете превоз од други корисници преку Uber сервисот. За возачите пак подобрена е навигацијата со поголем сет на насоки и совети. 
 
 
Надградбата на Google Maps за Android 5.0 Lollipop веќе пристигна и во Македонија, па доколку смартфонот не ви е поставен на автоматска надградба на апликации, новата верзија може да ја најдете во Play Store или App Store.