Inbox прави растур - Побрзајте со резервацијата

Објавено на 06.11.2014 во Новости



Inbox прави растур - Побрзајте со резервацијата

Google најави дека ќе воведе „happy hour“ за се поголемиот број на заинтересирани корисници за Inbox и доколку навреме извршите резервација за краток период ќе добиете покана за да ја инсталирате апликацијата. 
 
 
Inbox е екстра квалитетна апликација изработена од тимот на Gmail и е наменета за подобра организација на вашиот е-mail профил, со можност директно да поставувате потсетници и белешки за различни обврски кои ве очекуваат и навремено ќе бидете известени.
 
 
Inbox всушност го анализира начинот на кој го користите e-mail профилот, ги издвојува важните пораки кои не смеете да ги пропуштите, па со опцијата Asisst ви дава предлози како и кога да најдете соодветна резервација, продавница, локација или друг ресурс, со приказ на адресата и различни корисни информации. Се што треба да направите е да испратите барање на адреса [email protected].
 
 
Сосема е јасно дека повеќето од функциите на Inbox нема целосно да бидат достапни за корисниците во Македонија, но има надеж, особено по последниот пласман на Play Music и Play Movies што покажува дека Google сериозно гледа на Android базата во нашата земја. Во секој случај и со основните функции на Inbox ќе добиете многу квалитетен организатор кој ќе биде поврзан со вашиот mail.