iPhone 6 со нов проблем - Apple во нов скандал

Објавено на 07.11.2014 во Новости



iPhone 6 со нов проблем - Apple во нов скандал

Повеќе корисници се пожалиле на проблеми со iPhone 6 и iPhone 6 Plus кои имаат поголем мемориски капацитет од 64 и 128 GB меморија, а се поврзани со пад на системот, блокирање и кочење при вклучувањето. Apple се уште официјално не го потврдил проблемот, но според првите тестови станува збор за грешка во TLC NAND флеш меморијата.
 
 
Токму затоа се претпоставува дека Apple за производството на следните примероци на iPhone 6 и iPhone 6 Plus со меморија од 64 и 128 GB ќе користи MLC (Multi level capacity) технологија која е поефикасна и поквалитетна.
 
 
Тие што веќе купиле iPhone со TLC NAND чип ќе треба да се задоволат со софтверска надградба преку iOs 8.1.1 која колку толку ќе ги „среди“ проблемите, но нема да има замена на телефоните или бесплатна поправка. 
 
 
Ова не е прва грешка на Apple оваа година, бидејќи претходно излезе извештај дека дизајнот и компонентите на iPhone 6 Plus се променети за добивање поголема цврстина и надминување на Bendgate скандалот, секако без официјално признавање на проблемот и обештетување на купувачите.
 




Прочитајте повеќе: